Саем на македонска традиционална кујна во Пустец

January 3, 2026
1 min read

Со присуство на Македонци од сите делови на Мала Преспа и пошироко и претставници на македонската Амбасада, денеска во Пустец, седиште на истоимената општина, беше одржан Саем на македонска традиционална кујна.

– Настанот беше организиран од страна на македонскиот активист Панде Симонофски, со поддршка преку Јавниот повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од дијаспората на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и истиот претставуваше вистинска прослава на македонската традиција, култура и заедништво, информираа од македонската Амбасада во Албанија.

Додадоа дека Амбасадата била претставена од првиот секретар и конзул, Радмила Стојмировска, која со своето присуство ја истакнала постојаната поддршка на Амбасадата за активностите на македонската заедница во Република Албанија и за зачувување на националниот идентитет, јазик и културно наследство.

– Амбасадата упатува искрени честитки до организаторите и учесниците и останува посветена на поддршката на вакви иницијативи што ја негуваат и пренесуваат македонската традиција на идните генерации, нагласија од Амбасадата.

Покрај претставници на здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ на настанот присуствувал и Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“ и поранешен градоначалник на општина Пустец.

– Тоа беше прекрасен настан исполнет со вкус, мирис, традиција и емоции. Со срце и љубов, вредните преспански домаќинки ни подарија вистинско гастрономско доживување, јадења што не само што се јадат, туку се чувствуваат, истакнал тој.

Посочил дека „во духот на македонската песна и традиција, со заедништво и гордост, уште еднаш ја потврдивме нашата љубов кон корените“.

– Ова не беше само саем, ова беше празник на идентитетот, културата и традицијата. Голема благодарност до сите кои придонесоа, и до сите кои беа дел од оваа магија. Да ја чуваме и пренесуваме македонската традиција – затоа што таа нè прави тоа што сме, нагласил Темелко.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сенегал со пресврт подобар од Судан за четвртфинале на КАН

Следно

Мицкоски утре на отворање на нова детска градинка во Сопиште

Latest from Blog

Еве кое е значењето на бадниково гранче

Православните христијани на Бадник, вечерта наспроти Божиќ, во домот внесуваат бадниково гранче односно го украсуваат домот со бадникови гранки кои всушност се дабови гранчиња. Традицијата на украсување на домот со бадниковото гранче

Први интервенции со најсовремен хистероскопски апарат на Одделението за гинекологија во охридската болница

На Одделението за гинекологија и акушерство при Општата болница во Охрид воведени се хистероскопски интервенции со употреба на нов, најсовремен хистероскопски апарат. Станува збор за процедура што за прв пат се изведува

Околу 12 танкери за нафта ја напуштија Венецуела и покрај санкциите на САД

Околу 12 танкери натоварени со венецуелска сурова нафта и гориво ги напуштија венецуелските води во „темен режим“ во последните денови, заобиколувајќи ја строгата блокада наметната од САД, според веб-страницата за следење на
Go toTop