САД: Вработените на Гугл протестирале поради соработката на компанијата со Израел

December 16, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Стотици луѓе, вклучувајќи ги и вработените на Гугл, се собраа во четвртокот пред канцеларијата на мултинационалната компанија во американскиот град Сан Франциско за да протестираат против проектот на технолошкиот див со Израел, пренесува Анадолу.

Барајќи од Гугл да се откаже од својот проект Nimbus, вреден 1,2 милијарди долари, кој е започнат 2021 година со цел давање услуги на Израел, некои од демонстрантите легнаа прекриени со бел чаршав на кој со шарените карактери на Гугл пишувало „Геноцид“.

Еден од вработените на компанијата и член на Демократските социјалисти на Америка, рече дека „нема технологија за апартхејд“ и додаде:

„Тука сум во противност со израелскиот систем на апартхејд кој ги ограничува палестинските права и им става крај на палестинските животи, систем кој мојот работодавач материјално го поддржува со свое учество во Проектот Nimbus.“

Демонстрантите носеле палестински знамиња и транспаренти на кои пишувало: „Отфрлете го проектот Nimbus“, „Не биди зол = не поддржувај геноцид“, „Нема технологија за геноцид“ и „Нема технологија за апартхејд“.

Од компанијата информираат дека Израел проектот ќе го користи во полето на финансии, здравство, транспорт и образование и дека нема да има никаква врска со воената практика на таа земја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Промоција на новиот роман на Тина Иванова „Се чини сѐ уште постои љубов или: Љубов во време на корона“

Следно

Две млади лица и едно повозрасно вчера каснати од бездомни кучиња во Скопје

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop