САД: Судот во Колорадо забрани Трамп да биде на гласачкото ливче за изборите 2024

December 20, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Врховниот суд во американската сојузна држава Колорадо донесе пресуда со која Доналд Трамп се дисквалификува да ја извршува функцијата претседател според таканаречената клаузула за бунт во американскиот Устав, и не може да фигурира на гласачкото ливче во државата за изборите во 2024 година, јавува Анадолу.

„Мнозинството од судот смета дека претседателот Трамп е дисквалификуван да ја извршува функцијата претседател според Секцијата 3 од четиринаесеттиот амандман на Уставот на Соединетите Американски Држави“, вели судот во пресудата, и додава: „бидејќи е дисквалификуван, тоа би било погрешен акт според Изборниот законик секретарот да го стави како кандидат на прелиминарните гласачки ливчиња за претседателските избори.“

Судот со оваа одлука ја поништи пресудата на понискиот суд. Но, Врховниот суд на САД би можел да го има последниот збор.

Судот истакна дека пресудата ќе остане со цел да се одржи „статус кво“ во очекувањето на ревизија од страна на Врховниот суд на САД и од државниот секретар на Колорадо, Џена Грисволд.

Секцијата 3 од 14-тиот амандман забранува на секој кој претходно положил заклетва за јавна функција, а „се вклучил во бунт или немири“ против САД, да извршува одредена јавна функција.

Со оваа одлука, Врховниот суд во Колорадо стана првиот суд што ја примени клаузулата за дисквалификација од 14-тиот амандман за Трамп пред претседателските избори во 2024 година.

Портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг, рече дека брзо ќе поднесе жалба до Врховниот суд на САД, нарекувајќи ја пресудата „крајно недемократска“.

„Имаме целосна доверба дека Врховниот суд на САД брзо ќе донесе одлука во наша корист и конечно ќе стави крај на овие неамерикански тужби“, рече Чеунг.

Тужбата беше поднесена од група гласачи од Колорадо кои соработуваа со групата Граѓани за одговорност и етика во Вашингтон, кои тврдеа дека Трамп треба да биде дисквалификуван поради неговата улога во немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пофалби за известувањето на Анадолу за војната во Газа од директорот за комуникации на Туркије

Следно

СДС и ДУИ преку Јакимовски упорно фаворизираат фирма на пратеник за изградба на висококатници кај „Алумина“, за ВМРО-ДПМНЕ вакви постапки се недозволиви

Latest from Blog

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и

Зимски услови на државните патишта: Намалена видливост на планинските премини, внимателно возење

Државните патишта се сè уште под влијание на зимските услови. На планинскиот превој меѓу селото Лисец и Попова Шапка се забележуваат мали остатоци од снег кои се задржани на коловозот, додека на

Битола со 500 илјади денари ќе поддржи проекти на граѓански здруженија и фондации

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2026 година. Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од Буџетот
Go toTop