САД: Руски воен авион детектиран во зоната за воздушна одбрана на Алјаска

February 19, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД) откри и следеше руски воен авион во воздушната зона за идентификација на Алјаска (ADIZ), соопшти Одделот за односи со јавноста на Командата, јавува Анадолу.

Рускиот авион останал во меѓународниот воздушен простор и не влегол на суверена територија на САД или Канада. НОРАД нагласи дека ваквите активности се рутински и не претставуваат директна закана.

„Овие руски активности во воздушната зона за идентификација на Алјаска се случуваат редовно и не се сметаат за закана“, се вели во соопштението.

Воздушната зона за идентификација (ADIZ) претставува одредена област во меѓународниот воздушен простор што се протега надвор од суверените граници на една држава, каде што е потребна идентификација на леталата од безбедносни причини.

НОРАД, кој користи повеќеслоен одбранбен систем што вклучува сателити, радари и ловци, истакна дека останува подготвен да преземе мерки доколку е потребно.

„НОРАД останува подготвен да примени различни одбранбени опции во заштита на Северна Америка“, се наведува во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Како на политичарите, така и на судиите и обвинителите треба да се прочешла имотот кој го стекнале, има судии кои живеат како шеици

Следно

Анчелоти: Уморен сум да играм против Гвардиола

Latest from Blog

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини
Go toTop