САД одобрија продажба на хеликоптери Апачи на Полска

August 22, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – САД одобрија продажба на 96 борбени хеликоптери Апачи АХ-64Е на Полска и опрема поврзана со овој хеликоптер во вредност од 12 милијарди долари, објави Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка, пренесува Анадолу.

„Оваа предложена продажба ќе ги поддржи надворешнополитичките цели и целите на националната безбедност на Соединетите Држави преку подобрување на безбедноста на сојузникот од Северноатлантскиот договор (НАТО), кој е сила за политичка стабилност и економски напредок во Европа“, соопшти агенцијата.

„Предложената продажба ќе ја подобри способноста на Полска да одговори на сегашните и идните закани преку обезбедување кредибилна сила што е способна да ги одврати противниците и да учествува во операциите на НАТО. Полска ќе нема тешкотии да ја апсорбира оваа опрема во своите вооружени сили“, се вели во соопштението и се додава дека продажбата нема да го смени основниот воен баланс во регионот.

Полска, членка на НАТО во Централна Европа, планира да ги распореди хеликоптерите во својата 18. механизирана дивизија и Првата воздухопловна бригада.

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак претходно изјави дека е важно да имаат Апачи бидејќи тие добро работат со тенковите Абрамс, кои Варшава, исто така, ги нарача од САД во последниве години.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АВМУ: Го осудуваме вчерашниот вербален и физички напад врз снимателот и новинарките на ТВ Алсат-М

Следно

Стефанов: ЕСМ подготвена за грејната сезона, цената на парното ќе се знае во почетокот или средината на септември

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop