САД одобри нов пакет воена помош за Украина вреден 325 милиони долари

June 13, 2023
1 min read

Помошта доаѓа откако Украина ги засили нападите вдолж линијата на фронтот долга 1 000 километри во почетната фаза на нејзината контраофанзива против руските сили

Пентагон обезбеди нов пакет воена помош за Украина во вкупна вредност од 325 милиони долари, што ќе вклучува широк опсег на проектили, гранати и друга муниција наменета за зајакнување на контраофанзивата на украинските сили против Русија, јавија американските медиуми, цитирајќи изјава на Стејт департментот.

Помошта ќе вклучува проектили што се сметаат за критични за системите за воздушна одбрана на Украина – Националниот напреден ракетен систем земја-воздух (НАСАМ) и системите „Химарс“, како и „Стингер“ и „Џавелин“, и повеќе од дваесетина оклопни борбени возила „Бредли“ и „Страјкер“.

Новиот пакет ќе вклучува и милиони парчиња муниција за мало оружје и гранати, резервни делови, комуникациска опрема и опрема за разурнување.

Во одобрениот пакет се планирани и средства за обука на украинската војска.

Помошта доаѓа откако Украина ги засили нападите вдолж линијата на фронтот долга 1 000 километри во почетната фаза на нејзината контраофанзива против руските сили.

Со денешната објавена воена помош, САД од почетокот на руската инвазија врз Украина веќе обезбедија или ќе обезбедат речиси 40 милијарди долари во оружје и друга опрема за Украина.

„САД продолжуваат да стојат зад Украина чија континуирана храброст и солидарност го инспирира светот“,

изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манчестер сити ја одби понудата на ПСЖ да ги вклучи Верати или Донарума во договорот на Силва

Следно

(ВИДЕО) Трамп пристигна во судот во Мајами, се изјасни за невин по сите обвиненија

Latest from Blog

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop