САД: Одделот на Илон Маск за намалување на државните трошоци бара „револуционери“ со висок коефициент на интелигенција

November 15, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Иако сè уште не е формиран, одделот задолжен за намалување на трошоците на Владата на Соединетите Американски Држави, на чело со технолошкиот магнат Илон Маск, почна да прифаќа пријави за идниот персонал, обидувајќи се да вработи „револуционери“ со високи IQ резултати, пренесува Анадолу.

„Потребни ни се револуционери со многу висок коефициент на интелигенција што се подготвени да работат 80 или повеќе часа неделно на ‘негламурозното’ намалување на трошоците“, велат од Одделот за владина ефикасност, нова владина канцеларија чие формирање на почетокот на неделата беше објавено од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Во соопштението на социјалната мрежа Х, граѓаните на САД се поканети да аплицираат за работа во таа канцеларија.

Во вторникот, Трамп најави отворање нова советодавна група, Одделот за владина ефикасност, предводена од Илон Маск и Вивек Рамасвами.

„Тие двајца ќе го отворат патот мојата администрација да ја разбие владината бирократија, да ги намали непотребните регулативи, да ги намали расипничките трошоци и да ги преструктуира федералните агенции“, рече Трамп.

„Навистина, ова ќе биде мачна работа, ќе создаде многу непријатели и компензацијата е нула“, објави Трамп на X.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе презема мерки за воздухот и со системски решенија на среден рок ќе обезбеди чиста животна средина

Следно

Англискиот судија Кут под истрага на УЕФА

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop