„САД ѝ носат профит на својата воена индустрија, а Европа ја туркаат во банкрот“

November 8, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) ја турнале Европа во банкрот, јавува Анадолу.

„Според најскромните процени во последната една и пол година, европските компании загубија 250 милијарди евра поради едностраните санкции од Западот. Ова е огромна бројка“, рече Лавров во обраќањето на тркалезната маса во Москва.

На средбата на која присуствуваа и амбасадорите на некои земји се разговараше за решавањето на украинската криза.

Тој истакна дека САД со својата политика ѝ нанеле штета на европската економија.

„Додека САД ѝ носи профит на својата воена индустрија, Европа која е под нејзина команда ја турка во банкрот“, рече Лавров.

Тој истакна дека САД ја принудуваат Европа да го купува нејзиниот скап течен природен гас.

„САД им ги наметнува своите себични закони на европските компании и ги принудува да ги преселат своите операции во странство, каде што трошоците се помали. Вашингтон, кој ја принудува Европската Унија да се откаже од сè што е руско, продолжува да купува ураниум и други клучни материјали од Русија“, изјави Лавров.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рекордни резултати на SEAT S.A. во првите девет месеци од годината

Следно

Османи: Музејот во Сопот не е на УЧК, одбележува настан од 1944 година

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop