САД наводно спречиле реакција на Советот за безбедност на ОН за израелскиот напад врз Палестинците кои чекале помош

March 1, 2024
2 mins read

ЊУЈОРК (АА) – САД наводно ја блокирале реакцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) во врска со нападот на израелската војска врз луѓето што чекале хуманитарна помош во Газа, во кој се убиени најмалку 112 Палестинци, а 760 се ранети, известува Анадолу.

Во текот на седницата на Советот за безбедност на ОН во Њујорк, земјите членки разговарале за нацрт-резолуција како одговор на нападот.

По седницата зад затворени врати не е објавено соопштение за содржината и текот на разговорите.

Според информациите до кои дојде АА, нацрт-резолуцијата што содржи критики кон Израел не добила одобрение од постојаната мисија на САД во ОН.

Во нацрт-резолуцијата е изразена длабока загриженост поради извештајот дека 112 луѓе ги загубиле животите, а 760 се повредени од истрелите на израелските сили врз луѓето што во ред ја чекале помошта во храна во југозападна Газа.

Со резолуцијата требало да бидат повикани сите страни да се воздржат од лишување од основни услуги и хуманитарна помош на цивилите во Појасот Газа, според меѓународното хуманитарно право, предупредувајќи на потенцијалната акутна криза со храна на која е изложено целокупното население од 2,2 милиони луѓе во Појасот Газа доколку не се преземат итни мерки.

Според резолуцијата, членовите на Советот би го повикале Израел да ги остави отворени граничните премини за да се олесни влезот на хуманитарната помош во Газа и да се олесни отворањето на дополнителни премини за да може да се задоволат хуманитарните потреби на пошироко ниво.

Министерството за здравство со седиште во Газа објави дека најмалку 112 лица се убиени, а 760 се ранети вчера наутро кога израелските сили изведоа напад врз Палестинците кои чекале хуманитарна помош јужно од градот Газа.

Од почетокот на израелските немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година, досега се убиени над 30.000 Палестинци, главно деца и жени, а повеќе од 70.000 лица се ранети, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Се претпоставува дека под урнатините се наоѓаат илјадници мртви.

По тужбата за геноцид што ја поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Меѓутоа, израелските сили и понатаму продолжуваат со нападите врз Појасот Газа.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ), со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО БЕЛГРАД: Авионот на „Визер“ се евакуираше по дојава за бомба, патниците скокаа по тобоган и трчаат наоколу (ВИДЕО)

Следно

Билд: Војник на Бундесверот уби четири лица, меѓу кои и едно дете

Latest from Blog

Барана стока за време на Мундијалот…. Мексико заплени три тони кокаин

Очигледно дека огромниот број на туристи односно навивачи кои што пристигнаа во Мексико, САД и Канада по повод Мундијалот, потикнаа многу бизниси, легални но очигледно и нелегални. Мексиканската полиција соопшти дека за

Мицкоски: Ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема амбиција да биде кандидат за претседател на државата, нагласувајќи дека неговата цел е како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи партијата кон нова убедлива победа на

Пожар во болница во северна Германија: Сите пациенти евакуирани, има загинати

Болницата беше целосно евакуирана откако избувна пожарот, а противпожарната служба соопшти дека за пациентите се грижат на безбедна локација во рамките на болницата, пренесува „Тагесшау“ (Tagesschau). Според првичните информации, пожарот избувнал во

Труење со храна во прилепски „Микросам“ кај 41 работник, затворени кујната и трпезаријата

Вкупно 41 вработен во прилепската компанија „Микросам“ покажале симптоми на труење со храна по оброкот што го консумирале во понеделникот, според информации од Центарот за јавно здравје – Прилеп. Според епидемиолозите, на
Go toTop