САД нападнаа радар на Хутите во Јемен

January 13, 2024
1 min read

Американските сили денеска рано наутро извршија напад врз радарска локација на Хутите во Јемен, соопшти американската војска доцна во петокот.

Во соопштението се додава дека последната акција има за цел да ја намали способноста на шиитската група да напаѓа поморски бродови.

„Овој напад беше изведен од USS Carney (DDG 64) користејќи ракети за копнени напади Томахавк и беше продолжување на акцијата на одредена воена цел поврзана со нападите извршени на 12 јануари дизајнирани да ја намалат способноста на Хутите да ги напаѓаат поморските бродови, вклучително и комерцијални пловни објекти“, наведе Централната команда на САД во соопштението на социјалната мрежа X, поранешен Твитер.

Претходно Хутите ветија дека американските и британските напади врз нивните позиции во Јемен нема да останат неказнето.

Групата поддржана од Иран вети дека ќе продолжи со нападите врз бродовите во Црвеното Море и ќе го поддржи Хамас во Газа.

Во текот на ноќта воздушни и поморски напади беа насочени кон 30 позиции на Хутите, вклучувајќи командни центри, складишта за муниција и системи за противвоздушна одбрана, велат од САД.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека акцијата ќе го заштити слободниот проток на меѓународната трговија.

Британскиот премиер Риши Сунак оценува дека ударите биле „ограничена, неопходна и пропорционална акција во самоодбрана“.

Холандија, Австралија, Канада и Бахреин дадоа поддршка за мисијата, рече Бајден./rse/

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тензиите на Црвеното Море погубни за глобалната економија

Следно

Високите температури предизвикаа пожари низ Австралија, граѓаните повикани на евакуација

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop