САД: Најмалку 22 загинати во вооружен напад во Мејн

October 26, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Најмалку 22 лица се убиени во вооружени напади на повеќе локации во американската сојузна држава Мејн доцна синоќа, јавува Анадолу.

Полицијата на сојузната држава Мејн издаде предупредување за „активен вооружен напаѓач“ во градот Левистон.

Напаѓачот целел кон неколку локации, меѓу кои и ресторан и куглана.

Ен-би-си њуз (NBC News) објави дека 50 до 60 луѓе се здобиле со повреди.

Канцеларијата на шерифот на округот Андроскогин сподели фотографија на лице вооружено со автоматска пушка.

Во меѓувреме, Левистон издаде наредба за засолнување и идентификуваше три области каде што полицијата вршеше истрага.

Полицискиот оддел во Левистон го идентификува напаѓачот како Роберт Кард (40).

Кард „е вооружен и опасен. Ве молиме контактирајте со органите за спроведување на законот ако знаете каде се наоѓа“, порачаа од полицијата.

Американскиот претседател Џо Бајден беше информиран и понудена е целосна поддршка во врска со „овој ужасен напад“ за време на разговорот со гувернерката на Мејн, Џенет Милс, сенаторите Ангус Кинг и Сузан Колинс и конгресменот Џаред Голден, соопшти Белата куќа.

Државните училишта во Левистон денес се затворени.

„Многу нешта се непознати во овој момент. Информациите се движат брзо, но не секогаш прецизно“, рече Џејк Ленглејс, одговорен за јавните училишта во Левистон.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од март до мај: Џафери ги откри можните датум за претседателските избори, парламентарните не ги споменува

Следно

Одложено денешното рочиште од судскиот процес што се води за случајот Пендиков

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop