САД најавија нов пакет воена помош од 500 милиони долари за Украина

January 9, 2025
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) денес најавија нов пакет воена помош од 500 милиони долари за Украина, јавува Анадолу.

„Не смееме да попуштиме, и затоа денес најавувам уште еден пакет помош, вреден 500 милиони долари. Тој вклучува дополнителни проектили за украинската воздушна одбрана, повеќе муниција, воздушно-земјени муниции и друга опрема за поддршка на украинските авиони Ф-16“, изјави американскиот секретар за одбрана, Лојд Џ. Остин, на отворањето на состанокот на Контакт-групата за одбрана на Украина во Рамштајн, Германија.

„Се работи за опстанокот на Украина, но исто така и безбедноста на Европа, САД и светот“, изјави Остин, додавајќи дека „50-те членки на оваа контакт-група остануваат обединети во поддршката за Украина“.

Тој предупреди дека влоговите за нивната колективна безбедност се и понатаму огромни.
Иднината на Рамштајн-групата, особено американската поддршка за Украина, е ставена под знак прашање, бидејќи новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, изрази сериозна критика за износот на помошта што САД ја испраќаат во источноевропската земја. Трамп изрази интерес за завршување на војната, но не откри како планира да го постигне тоа.

Од основањето на Контакт-групата за одбрана на Украина во април 2022 година, САД, нивните сојузници и партнери обезбедија повеќе од 122 милијарди долари воена помош за Украина, според изјавите на Остин.

Групата, која брои над 50 земји и е позната како Рамштајн-група, ги вклучува членките на НАТО, како и поголемиот дел од Европската Унија.

Таа беше формирана од Остин во април 2022 година, по почетокот на руската инвазија на Украина, со цел да се координира воената поддршка за Украина во нејзината војна против соседна Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општините од утре можат да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво

Следно

Олимписка шампионка во пливање објави крај на кариерата

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop