САД: Маж се запали пред израелската амбасада во Вашингтон

February 26, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Маж се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон, главниот град на Соединетите Американски Држави, јавува Анадолу.

Информациите за овој инцидент новинарот на АА ги доби од претставници на противпожарната служба и Итната медицинска служба во Вашингтон.

Официјалниот претставник наведе дека противпожарната служба на Вашингтон добила дојава околу 13:00 часот по локално време.

Наведувајќи дека во извештајот се вели дека возрасен маж се самозапалил пред израелската амбасада во Вашингтон, претставникот рече:

„Кога пристигнавме на местото на настанот видовме дека пожарот е изгаснат од униформираниот персонал на тајната служба.“

Официјалниот претставник рече дека лицето што се запалило е пренесено во болница и дека неговата состојба е критична поради тешките повреди.

Тој не го откри идентитетот на лицето.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Made in Veles“: Трамп картички со „милиони“

Следно

Унгарскиот парламент треба да одлучи за кандидатурата на Шведска за НАТО

Latest from Blog

Коњановски: Заедничките иницијативи со Пустец носат конкретни придобивки

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА БИТОЛА И ПУСТЕЦ Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски денеска имаа средба со градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, кој е во посета на

Коњановски: Инфраструктурата, културата и животната средина се столбови на развојот на Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во интервју за неделникот „Јавност“ истакна дека во изминатиот период градот бележи видлив и конкретен напредок, кој граѓаните директно го чувствуваат во секојдневното живеење. Според него, обновата

Руте во посета на Киев

Првиот заменик-претседател на парламентот, Александар Корниенко, го најави говорот на Руте, истакнувајќи дека неговата посета покажува силна поддршка за Украина и испраќа јасна порака за единство. – Голема чест ми е што

Угостителите побарале пролонгирање на Законот против пушењето, идната недела средба со Дурмиши и Алиу

Прво кампања па примена на Законот против пушењето, побарале угостителите на средбата со државниот секретар во Министерството за економија и труд. Како што информира денеска  министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши,

Муцунски од Дубаи: Македонија е клучна точка каде се вкрстуваат Коридорите 8 и 10

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Светскиот самит за влади во Дубаи, каде говореше на панел-дискусијата посветена на новиот логистички поредок. Муцунски ја истакна стратешката позиција
Go toTop