САД, Јапонија, Австралија и Филипини одржаа заеднички вежби во Јужното Кинеско Море

April 8, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Соединетите Американски Држави (САД), Јапонија, Австралија и Филипини одржаа заедничка поморска вежба во спорното Јужно Кинеско Море, поттикнувајќи го нивниот заеднички ривал, Кина, да започне поморска и воздушна патрола како одговор, соопшти филипинската војска доцна синоќа, пренесува Анадолу.

Вежбата на четирите земји, одржана вчера во рамките на ексклузивната економска зона на Филипини, ја покажа „посветеноста на земјите во зајакнувањето на регионалната и меѓународната соработка за поддршка на слободен и отворен Индо-Пацифик преку вежби за интероперабилност во поморскиот простор“, објави весникот „Манила тајм“, повикувајќи се на извори од војската.

Силите на четирите земји изведоа комуникациски вежби, дивизиски тактики и други вежби.

На вежбата, меѓу другите, се придружија разурнувачот на Јапонските поморски сили Акебоно, американскиот борбен брод Мобајл, фрегатата на Кралската австралиска морнарица Варамунга и фрегатата на филипинската морнарица Антонио Луна.

Кинеската војска вчера спроведе поморска и воздушна патрола во спорното Јужно Кинеско Море поради заедничката вежба на четирите земји во услови на зголемени тензии во регионот.

Територијалните претензии во Јужното Кинеско Море богато со ресурси и понатаму постојат и покрај континуираните повици за спогодбен договор со преговори и избегнување на кршење на суверенитетот.

Во 2016 година Кина доби удар кога Постојаниот арбитражен суд (ПАС), меѓународен трибунал со седиште во Хаг, пресуди дека тврдењето на Пекинг за Линијата со девет црти нема правна основа според меѓународното право.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Веб-страници за ширење дезинформации никнуваат како печурки во Бугарија

Следно

МААЕ: Нуклеарната безбедност на централата Запорожје не е загрозена

Latest from Blog

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите
Go toTop