САД: Ја признаваме „легитимната безбедносна загриженост“ на Туркије во Сирија

October 6, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Пентагон денес соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) ја признаваат „легитимната безбедносна загриженост“ на Туркије, истакнувајќи дека Туркије е еден од нејзините „најсилни и најценети сојузници во НАТО“, јавува Анадолу.

Портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, на дневниот брифинг со новинарите изјави дека министерот за одбрана Лојд Остин вчера телефонски разговарал со својот турски колега Јашар Ѓулер.

Рајдер истакна дека за време на разговорот Остин ја потврдил „легитимната безбедноса загриженост“ на Туркије и ја нагласи важноста од блиска координација меѓу САД и Туркије за да се спречи каков било ризик за американските сили или глобалната коалиција за неутрализирање на ДЕАШ.

На прашањето за американскиот борбен авион што собори турско беспилотно летало во Ал Хасека, Сирија, Рајдер изјави: „Туркије е еден од нашите најсилни и најценети сојузници во НАТО и тоа партнерство продолжува и ќе продолжи. Значи, ова е секако инцидент за којшто жалиме“.

– „Не постојат индикации“ дека Туркије „намерно ги таргетира“ американските сили –

Рајдер рече дека турското беспилотно летало влегло во „забранета оперативна зона“ (ROZ) на движење кон местото каде што се наоѓаат американските сили околу 11:30 часот по локално време, што американските команданти го оцениле како „потенцијална закана“.

Турското беспилотно летало беше соборено од американските ловци Ф-16 во 11:40 часот по локално време.

Тој истакна дека „не постојат индикации“ дека Туркије „намерно ги таргетира“ американските сили.

Двете страни ќе продолжат „тесно да се координираат за да спречат ставање на американските сили во ризик“.

– Борбата на Туркије против тероризмот –

Во врска со борбата на Туркије против тероризмот, Рајдер рече дека САД стојат „цврсто“ со својот сојузник во НАТО, Туркије, и турскиот народ во нивната борба против ПКК, која е означена како странска терористичка организација од САД.

„Значи, ние го осудуваме секој акт на тероризам против Туркије и народот на Туркије. И ние признаваме дека ПКК претставува легитимна безбедносна закана“, рече тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанија: Средба на министрите за надворешни работи во рамките на Самитот на Берлинскиот процес

Следно

Македонската ИТ-компанија „Аспект“ одбележа три децении софтверска иновација и трансформација на три континенти

Latest from Blog

Петрушевски: Со злоупотреба на службена положба преку местење на тендери вредни 8 милиони евра, кадри на СДС и ДУИ се збогатиле за 2 милиони евра

Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и кадар на ДУИ, а одобрен од СДС, Бујар Дардишта, заедно со уште 32 лица е осомничен за перење на пари во висина

Ливерпул носи ѕвезда на Баерн од 65 милиони долари?

Фото: Баерн Минхен Иако Ливерпул во последните денови беше во центарот на вниманието поради ситуацијата околу Мохамед Салах, кој изјави дека чувствува дека клубот го „фрлил под автобусот“, раководството на „Енфилд“ веќе

Украина тврди дека нејзини беспилотни летала собориле два руски Су-27 на Крим

Безбедносната служба на Украина (СБУ) денес објави дека беспилотни летала со долг дострел на Центарот за специјални операции „Алфа“ собориле два авиони Су-27 на рускиот аеродром Белбек на Крим. „Еден од авионите

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање
Go toTop