САД извршија напади во Ирак и Сирија како одговор на ракетниот напад врз американската база

February 3, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) објави дека извршила воздушни напади врз позиции на силите на Иранската револуционерна гарда и нејзините други групи во Ирак и Сирија, јавува Анадолу.

ЦЕНТКОМ наведе дека ги извршиле првите напади во регионот како одговор на нападот врз американската база на сириско-јорданската граница на 28 јануари.

Во соопштението се истакнува дека најмалку 85 позиции на силите Кудс на Иранската револуционерна гарда и нивните соработници во Сирија и Ирак биле погодени во воздушните напади.

Се додава дека во нападите биле вклучени и бомбардери со долг дострел кои полетале од Соединетите Американски Држави и дека се употребени над 125 наведувани бомби.

Во соопштението се наведува дека гаѓани биле командно-контролните центри, ракетите, проектилите и беспилотните летала.

Во напад врз американска база на 28 јануари загинаа тројца американски војници, а над 40 беа ранети.

Американската администрација најави дека како одговор на нападот ќе започне опсежни напади кон групите поддржани од Иран.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска ќе работат шалтерите за издавање документи во МРТВ и Беко

Следно

Одложен судскиот процес против Трамп за обид за изборна измама

Latest from Blog

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите
Go toTop