САД: Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, ја објави својата кандидатура за претседател

May 25, 2023
1 min read

ТОРОНТО (АА) – Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, официјално објави дека се кандидира за претседател на изборите во 2024 година, пренесува Анадолу.

ДеСантис официјално влезе во трката за претседател поднесувајќи документи до федералните власти што го става на колизиски курс со поранешниот претседател Доналд Трамп.

Републиканскиот политичар и отворен конзервативец ја објави својата одлука да се кандидира за претседател во видеото објавено од неговата кампања на социјалните мрежи.

„Покажавме дека ние можеме и мораме да ја ревитализираме Америка. Потребна ни е храброст да водиме и сила да победиме“, рече ДеСантис во едноминутното видео.

„Јас сум Рон ДеСантис и се кандидирам за претседател за да го предводам нашиот голем американски камбек“, додаде тој.

– Технички пропусти –

ДеСантис планираше да разговара за својата претседателска кандидатура во разговор со извршниот директор на Твитер, Илон Маск, на Twitter Spaces.

Но аудиопреносот постојано имаше прекини што им оневозможи на корисниците да го слушнат разговорот во реално време.

Кога можеше да зборува без технички прекини, тој рече: „Јас се кандидирам за претседател на Соединетите Американски Држави за да го предводам нашето големо американско враќање“, повторувајќи ги зборовите од видеото од неговата кампања.

Маск истакна дека имало над 500.000 луѓе што го слушале разговорот, што можеби ги предизвикало грешките. Разговорот на Спејс заврши 20 минути подоцна.

Маск рече дека имало над 500.000 луѓе што го слушале разговорот, што можеби ги предизвикало прекините.

– „Роб ДеСанктимониус“ –

Поранешниот американски претседател и претседателски ривал Доналд Трамп со подбив ја поздрави претседателската кандидатура на ДеСантис на неговата платформа за социјални медиуми, Truth Social.

„Би сакал лично да му честитам на Роб ДеСанктимониус што конечно објави дека ќе влезе во трката за претседател на САД“, рече Трамп.

„Се надевам дека ќе го добие целосното искуство од нападите од марксистите, комунистите и радикалните левичарски лудаци од нашата земја, без кои никогаш нема да дознае во што влегува.“

Се смета дека ДеСантис е најсилен републикански ривал на Трамп, иако гувернерот се соочува со предизвици во однос на неговата крајно десничарска политика.

ДеСантис цврсто се етаблира како конзервативен културен воин, контра левичарите спроведуваше нови политики во сојузната држава за ограничување на правата за абортус, за ограничување на наставата за ЛГБТК+ во државните училишта и проширување на правата за оружје за жителите да можат да носат скриено огнено оружје без дозвола.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туристички и археолошки бисер на Туркије: Остатоците од античкиот град Термесос му пркосат на времето

Следно

Пригожин објави дека единиците на „Вагнер“ се повлекуваат од Бахмут: Ќе се заменат со редовните руски трупи

Latest from Blog

Трамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсила

 Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар.  Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране

Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. -Во гасењето се ангажирани три авиони

МБИ10 со благ раст на Македонската берза, прометот над 4,2 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 12.08.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.246,71 поени. Во однос

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и
Go toTop