САД го тужи Епл за монопол врз смартфони

March 22, 2024
1 min read

Министерството заедно со уште 16 јавни обвинители на ниво на сојузни држави и дистрикти, го обвинува Епл дека ги кревал цените за потрошувачите и програмерите што работат на апликации за Епл, и ги направил корисниците позависни од смартфоните на компанијата.

Тие го обвинуваат Епл дека „селективно“ наметнува договорни ограничувања на програмерите и забранува критични начини за пристапување до телефонот како начин за спречување на подем на конкуренција.

„Епл ги практикува своите монополски моќи за да извади уште повеќе пари од потрошувачите, програмерите, креаторите на содржини, уметниците, паблишерите, малите бизниси и трговци, меѓу другите,“ порачуваат од министерството за правда.

Меѓу начините на кои Епл го одржува својот монопол се наведуваат:

– Попречување на работата на „супер апликации“ кои доаѓаат со различни програми и би можеле да ја намалат „лепливоста на ИОС“ со тоа што ќе го олеснат префрлањето на корисниците на Ајфон на конкурентски уреди.

– Блокирање на клауд-стриминг апликации за работи како видео игри кои би ја намалиле потребата од поскап хардвер.

– Потиснување на квалитетот на пораките што се разменуваат меѓу Ајфон и конкурентски платформи како Андроид.

– Ограничување на функционалноста на паметни-часовници од трети производители со Ајфон и отежнување на корисниците на Епл воч да се префрлат Ајфон на друг уред заради проблеми со компатибилност.

– Блокирање на трети компании да развијат конкурентен дигитален паричник за Ајфон со стисни-да-платиш функционалност.

„Со години Епл на заканите од конкуренција реагираше со наменување на серија на договорни правила и рестрикции кои му дозволија на Епл да изнуди повисоки цени од потрошувачите, да наметне повисоки трошоци за програмерите и креаторите, и да ги забави конкурентските алтернативи од ривалските технологии,“ порачале од министерството за правда.

Во тужбата се бара судот да го сопре Епл во „користење на својата контрола врз дистрибуцијата на апликации за да ги поткопа крос-платформ технологиите како супер-апликации и апликации за клауд-стриминг“ и да го спречи во „користење приватни АПИ-ја за поткопување на крос-платформски технологии како пораки, паметни-часовници и дигитални паричници“ и да не му дозволи „да ги користи условите и правилата на своите договори со програмерите, производителите на додатоци, потрошувачите и други за стекнување, задржување, проширување или продлабочување на својот монопол.“

Од министерството го обвинија Епл дека ја држи конкуренцијата за врат и дека ја задушил цела индустрија со своето префрлање од „револуционизирање на пазарот на смартфони на спречување на неговиот напредок.“

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Револтирани по убиството на колегата приватните лекари в понеделник нема да работат со пациенти од 12 до 16 часот,

Следно

ПОЧИНА БУГАРСКИОТ ПИСАТЕЛ АЛЕК ПОПОВ, АВТОР НА РОМАНОТ „МИСИЈА ЛОНДОН“ И НА СЦЕНАРИЈА ЗА „ПРЕСПАВ“

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop