САД ги запре грантовите од 210 милиони долари за Универзитетот Принстон по истрагата за „антисемитизам“

April 12, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Администрацијата на Трамп запре 210 милиони долари од истражувачките фондови на Универзитетот Принстон, во рамките на истрага за антисемитизам на кампусот, јавуваат американските медиуми, пренесува Анадолу.

„Можам да потврдам дека Одделот за енергетика го прекина финансирањето на Универзитетот Принстон во очекување на завршувањето на истрагата на Министерството за образование во Принстон во врска со антисемитското вознемирување“, се вели во веста што ја објави „Си ен ен“, цитирајќи го портпаролот на Министерството за енергетика.

Претседателот на Универзитетот Принстон, Кристофер Ајсгрубер, во меил испратен до академската заедница, споделен со „Си-Ен-Ен“, потврди дека универзитетот е информиран за суспензијата на финансирањето.

„Полниот мотив зад оваа одлука сè уште не е целосно разјаснет,“ напиша Ајсгрубер во пораката, додавајќи дека Принстон останува посветен на борбата против антисемитизмот.

Тој нагласи дека универзитетот неделава добил известувања од неколку агенции, меѓу кои Министерството за енергетика, НАСА и Министерството за одбрана.

– Над 500 студентски визи поништени во рамки на поширока акција за депортации

Во меѓувреме, „Си-ен-ен“ анализираше судски документи, изјави од адвокати и објави од повеќе од 80 универзитети низ САД, потврдувајќи дека годинава на повеќе од 525 студенти, универзитетски професори и истражувачи им биле поништени визите.

Меѓу првите нашироко познати случаи е оној на Махмуд Халил, кој беше уапсен по учество во про-палестински протести на Универзитетот Колумбија, пренесе „Си-Ен-Ен“.

Адвокатите за имиграција, пак, предупредуваат дека се зголемува бројот на случаи каде што студенти добиваат закани за депортација поради ситни прекршоци од пред неколку години или, дури и без јасно објаснета причина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: Системот One Stop Shop носи ново поглавје на поврзаност, транспорт, трговија, туризам и пријателство

Следно

Еко-активистите бараат одговорност за загадувањето на Крива Река

Latest from Blog

ПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nkcelje/ Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа. Од

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop