САД: Федерален судија нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк со кауција

May 9, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Федерален судија во американската сојузна држава Вермонт денес нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк, која беше контроверзно приведена од агенти за имиграција кон крајот на март, со кауција, јавува Анадолу.

„Судот утврди дека таа не претставува опасност за заедницата ниту, пак, има ризик од бегство. Судот им наредува на властите веднаш да ја ослободат Озтурк од притвор“, рече судијата Вилијам К. Сешнс.

Судијата додаде дека Озтурк е слободна да се врати во својот дом во Масачусетс.

„Таа, исто така, е слободна да патува во Масачусетс и Вермонт како што смета за соодветно и нема да ѝ ставам ограничувања за патување бидејќи, искрено, не сметам дека не претставува никаков ризик од бегство“, рече тој.

Румејса Озтурк, докторантка на Универзитетот Тафтс, на судското рочиште во Бурлингтон, Вермонт, присуствуваше онлајн, по повеќе од шест недели откако е уапсена на 25 март од страна на агентите на Службата за имиграција и царина (ICE) во Масачусетс поради коавторство на колумна минатата година за израелско-палестинскиот конфликт во студентскиот весник на факултетот.

Рочиштето се одржа откако Вториот окружен апелационен суд претходно оваа недела нареди Озтурк да биде пренесена од имиграцискиот затвор во државата Луизијана во федералниот окружен суд во Вермонт.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Мицкоски со малиот Антониј и семејството на краток одмор во Виена

Следно

Баер Леверкузен ја најде замената за Чаби Алонсо

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop