САД доставија хуманитарна помош од 50.680 оброци во северниот дел на Газа

April 3, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) вчера спроведе уште една рунда воздушни фрлања на хуманитарна помош во северниот дел на Газа за да им пружи помош на цивилите погодени од тековната војна, јавува Анадолу.

„Заедничката операција опфати четири авиони на американските воздухопловни сили C-130 и војници на американската Армија специјализирани за воздушна испорака на резерви на американска хуманитарна помош“, напиша ЦЕНТКОМ на социјалната мрежа X.

„Авионите фрлија над 50.680 еквиваленти на американски оброци во северниот дел на Газа“, се додава.

„САД ЦЕНТКОМ не ја проценува цивилната штета или штетата на инфраструктурата во овој момент, но продолжува да ја следи ситуацијата“, се вели во извештајот, додавајќи дека доставувањето хуманитарна помош од воздух придонесува за тековните напори на Владата на САД и на партнерската нација за ублажување на човечкото страдање.

„Овие пуштања на хуманитарна помош од воздух се дел од постојаните напори и ние продолжуваме да планираме последователни испораки од воздух“, се додава.

Пентагон претходно соопшти дека безбедноста е „главен приоритет“ при планирањето на доставувањето на хуманитарна помош.

На почетокот на март, Министерството за одбрана објави дека ќе преземе итна мисија за воспоставување привремено пристаниште на брегот на Газа за испорака до 2 милиони оброци со хуманитарна помош дневно.

Израел започна смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври, во кој Тел Авив вели дека се убиени речиси 1.200 Израелци, но според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ), со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.

Повеќе од 32.900 Палестинци оттогаш се убиени, а 75.494 се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни работи.

Израел, исто така, воведе блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на глад.

Обединетите нации објавија дека израелската војна принудила внатрешно да се раселат 85 отсто од населението на Газа, а постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови. Во енклавата се оштетени или уништени 60 отсто од инфраструктурата.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во четвртокот побара од Израел да стори повеќе за да го спречи гладот во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Земјотрес со јачина од 4,3 степени регистриран во Црна Гора

Следно

Палестинците го обновуваат барањето за полноправно членство во ОН

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop