САД: „Договорот за ослободување на заложниците од Газа поблиску од кога било“

November 21, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Соединетите Американски Држави активно се вклучени во преговорите за ослободување на заложниците во Газа, објави Белата куќа, пренесува Анадолу.

„Веруваме дека сме поблиску од кога било. Затоа се надеваме“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби.

Тој рече дека има уште работа да се заврши, додавајќи дека „ништо не е направено додека сето тоа не се заврши“.

Изјавата следуваше откако израелската државна телевизија КАН објави дека Тел Авив предложил договор за размена на затвиреници со Хамас.

Неколку часа претходно американскиот претседател Џо Бајден рече дека верува оти договорот за ослободување на заложниците во Газа е блиску.

Катарскиот премиер Шеик Мухамед Бин Абдулрахман Ал-Тани во неделата рече дека договорот за размена на заложници меѓу Израел и Хамас е „неминовен“.

Се верува дека Хамас држи најмалку 239 заложници по прекуграничниот напад на 7 октомври. Палестинската група на отпорот соопшти дека е подготвена да ослободи заробеници во замена за илјадници Палестинци затворени во израелските затвори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двојните избори речиси сигурни во мај, Ковачевски не се откажува од премиер Албанец

Следно

Најстудено во Берово, најтопло во Дојран

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop