САД: Џо Бајден се сретна со сопругата и ќерката на Алексеј Навални

February 23, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Џо Бајден се сретна со Јулија Навални, сопругата на рускиот дисидент Алексеј Навални, кој почина во руски затвор, и ќерката Даша, и му понуди поддршка на семејството, јавува Анадолу.

Бајден разговараше со сопругата и ќерката на Навални за време на посетата на Калифорнија, каде што ја продолжува својата предизборна кампања.

„Денес се сретнав со семејството на Алексеј Навални, Јулија и Даша Навални, и им изразив сочувство за оваа катастрофална загуба. Храброто наследство на Алексеј ќе продолжи со Јулија и Даша и со луѓето што се борат за демократија и човекови права низ Русија“, напиша Бајден на социјалната мрежа Х.

Во соопштението на Белата куќа по повод средбата се наведува дека Бајден многу ги ценел постапките на Алексеј Навални во Русија и дека неговата смрт е извор на голема тага.

Бајден во своја претходна изјава тврдеше дека рускиот претседател Владимир Путин е одговорен за смртта на Навални и најави дека денес (петок) ќе објави нови санкции против Москва.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВТОР СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ВО ФЕВРУАРИ: ИГРАЧ НА ВЛТ ОСВОИ ФАНТАСТИЧНИ 20.555.130 ДЕНАРИ

Следно

(ВИДЕО) Најмалку четворица загинати во пожар во станбен блок во Валенсија

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop