Руте: Земјите членки на НАТО постигнаа напредок во вложувањето во одбраната

February 12, 2026
1 min read

Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Марк Руте, по завршувањето на денешниот состанок на министрите за одбрана во Брисел, изјави дека земјите членки на НАТО постигнаа напредок во вложувањето во одбраната, неопходна за зачувување на безбедноста.

Тој наведе дека на состанокот се разгледувал напредокот на сојузниците во спроведување на одлуките од Самитот во јуни во Хаг во 2025 година за зголемување на расходите за одбрана на пет проценти од бруто домашниот производ.

– Доказите за напредок во исполнувањето на таа обврска се видливи. Веќе видовме огромна промена во 2025 година. Данска, Естонија, Литванија, Летонија, Полска веќе ја исполнија или надминаа таа цел, Германија е на добар пат да ги удвои тие инвестиции во споредба од пред неколку години. Овие инвестиции се од витално значење за нашата безбедност, истакна Руте.

Тој посочи дека денешниот состанок бил фокусиран на зајакнување на одвраќањето и обезбедување континуирана поддршка за Украина, на кои ѝ е потребна поголема поддршка.

– НАТО е со Украина. Нашата безбедност е поврзана и сите сакаме да видиме траен и праведен крај на таа брутална војна. Сојузниците се обединети во нивната поддршка за Украина и нивната посветеност да го бранат секој сантиметар од нашата територија, истакна Руте.

На денешниот состанок во Брисел не присуствуваше американскиот министер за одбрана Пит Хегсет туку неговиот заменик Елбриџ Колби. Руте демантираше дека тоа укажува на поделби во НАТО или во однос на војната во Украина.

Тој потенцира дека САД се целосно посветени на НАТО.

– САД го прекинаа застојот во мировниот процес со Русија, што беше клучно, ги предводат мировните преговори и не информираат за состојбата. Сите имаме една цел: Да ја завршиме таа војна така што Русија никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина, наведе Руте.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција

Следно

Касами најави нова фаза во ВЛЕН по распуштањето на партиското раководство на БЕСА

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop