Руте во посета на Киев

February 3, 2026
1 min read

Првиот заменик-претседател на парламентот, Александар Корниенко, го најави говорот на Руте, истакнувајќи дека неговата посета покажува силна поддршка за Украина и испраќа јасна порака за единство.

– Голема чест ми е што сум денеска со вас во самото срце на живата, демократска Украина. Украинската нација се бори многу силно и храбро. Вие сте претставници на овој народ, кои продолжувате да работите дури и среде секојдневните бомбардирања, рече Руте од говорницата на Врховната Рада.

Руте потоа со украинскиот претседател Володимир Зеленски го посетија споменикот на паднатите украински бранители на плоштадот Мајдан.

„Вечна чест на нашите воини. Вечна благодарност за нивната жртва и за одбраната на земјата. Наша должност е да го зачуваме споменот на нашите паднати херои“, напиша Зеленски на Х.

Руте последен пат ја посети Украина во април минатата година, кога заедно со украинскиот претседател ја посети воената болница и Преображенскиот собор во Одеса, кој беше оштетен во руско гранатирање. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Угостителите побарале пролонгирање на Законот против пушењето, идната недела средба со Дурмиши и Алиу

Следно

Коњановски: Инфраструктурата, културата и животната средина се столбови на развојот на Битола

Latest from Blog

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

МААЕ во соопштение на мрежата Икс наведува дека Техеран ја информирал агенцијата на Обединетите нации (ОН) дека локацијата била „нападната денеска“. „Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од локацијата.

Трипуновски од Неготино: Оваа година ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување

Во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети општина Неготино, каде оствари средба со земјоделците и лозарите од овој

Омерагиќ најави револуција: Македонскиот фудбал влегува во нова ера

Денес се одржа редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, на кое беа усвоени клучни одлуки за иднината на македонскиот фудбал. Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ, истакна дека е донесен нов

Меџити: Со ВЛЕН завршува политиката на поделби

За првпат во историјата на мултипартиската Македонија, Албанците од различни политички провиниенции, од десница и левица, млади и искусни, се обединуваат во заеднички политички фронт, ВЛЕН. Изет Меџити, градоначалник на Општина Чаир
Go toTop