Руте: НАТО нема да може да се одбрани за четири до пет години со тековното ниво на издвојувања за одбраната

January 23, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – НАТО нема да биде во можност да се одбрани во следните четири до пет години ако продолжи со тековното ниво на издвојувања за одбраната од 2 отсто, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, јавува Анадолу.

„Делумно“, но „можеби во голема мера“, тоа е „благодарение“ на претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на неговиот прв мандат во 2017 година, кога европските земји членки на НАТО забележаа „раст во издвојувањата“, изјави Руте за време на панел-дискусијата на Светскиот економски форум во Давос.

„Тој чувствуваше дека САД добиваат лоша зделка и дека Европа го финансира својот социјален модел, здравствениот систем и пензискиот систем, а од друга страна недоволно инвестира во одбраната“, додаде Руте.

Генералниот секретар исто така упати критики код самиот себе во име на земјите членки, наведувајќи дека индустриското производство на Алијансата заостанува зад она на Русија и Кина.

„Мораме да го зголемиме индустриското производство, бидејќи во овој момент не го правиме тоа. Но, ова е проблем и во САД. Кина сега произведува индустриски производи шест пати побрзо од САД“, рече тој, додавајќи дека НАТО како целина за една година произведува онолку колку што Русија може да произведе за три месеци.

„Затоа сме навистина во кризен режим“, нагласи Руте. „НАТО колективно нема да може да се одбрани за четири до пет години ако стоиме на тие 2 отсто.“

Руте исто така истакна дека квалитетот на кинеските производи е многу подобар отколку пред 20 години и дека тие се изедначени, ако не и подобри од американските производи.

„Ова е уште еден проблем – не иновираме доволно. Не купуваме колективно и не склучуваме големи договори со индустријата“, вели Руте.

Генералниот секретар предупреди и за поддршката за Украина.

„Доколку новата администрација на Трамп продолжи да ја снабдува Украина од својата одбранбена индустриска база, сметката ќе ја платат Европејците. Мораме да бидеме подготвени на тоа, бидејќи во моментов САД плаќаат повеќе од Европејците“, потенцираше Руте.

Тој исто така рече дека Трамп бил во право кога го опишал ова како „глобален конфликт“. „Да, но сепак, Украина е поблиску до Европа отколку до САД“, додаде Руте.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анализа: Осаменоста на непостоечката вашингтонска „негатива“ на СДСМ и истрошените медиумски апологети

Следно

Ѓоковиќ го пропушти вториот тренинг пред полуфиналето на Австралија Опен

Latest from Blog

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Министерството за спорт и САДУ потпишаа колективен договор: Етапно зголемување на платите до 21% и бројни придобивки за вработените

Министерството за спорт претставено од министерот Борко Ристовски и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, денеска склучија Колективен договор за вработените во Министерството. Ова, како

Град Скопје ја разреши директорката на „Лајка“

Град Скопје донесе одлука за разрешување на директорката на ЈП „Лајка“, Радмила Пешева, што предизвика остри реакции кај здружението за заштита на животни Анима Мунди, од каде велат дека станува збор за
Go toTop