Руте: Мислам дека е позитивно тоа што Трамп почна да отвора канали за комуникација со Путин

May 20, 2025
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека серијата телефонски разговори што ги оствари вчера американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Украина се позитивни знаци и изрази задоволство од напорите што се вложуваат во оваа насока, известува Анадолу.

Присуствувајќи на состанокот на министрите за одбрана на Европската Унија (ЕУ) што се одржа во Брисел, Руте рече дека прашања како што се тековната руска закана, воената акумулација на Кина и тероризмот претставуваат ризик и за територијата на ЕУ и за НАТО.

Руте посочи дека од таа причина покрај за зголемувањето на трошоците и производството за одбрана, на денешниот состанок ќе се одржат консултации со министрите на ЕУ и за тоа што ѝ е потребно на Украина за траен мир.

Запрашан за неговото мислење за најновите случувања во мировните преговори во Украина по серијата телефонски разговори на американскиот претседател Трамп вчера, Руте истакна:

„Не сакам постојано секој ден да давам коментар за развојот на настаните“.

Руте ги пофали напорите на американската администрација за постигнување мир во Украина откако Трамп ја презеде функцијата, и додаде:

„Американската администрација е многу вклучена и е во тесна координација со своите европски колеги. Немаше преговори со Украина (Русија) до јануари. Мислам дека позитивно е што претседателот Трамп почна да отвора комуникациски канали со рускиот претседател“.

Руте нагласи дека телефонските разговори на Трамп со украинскиот претседател Владимир Зеленски, рускиот претседател Владимир Путин, европските лидери и со Комисијата на ЕУ се позитивни знаци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ученици нападнале вработена во средно училиште во Центар

Следно

Косово забрани увоз на пилешко месо од Бразил

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop