Рускиот парламент одобри регрутирање криминалци

June 14, 2023
1 min read

Оние што ќе се пријават ќе бидат ослободени од кривична одговорност по завршувањето на нивниот договор или ако добијат воени награди

Предлог-законот што ќе им овозможи на криминалците да се приклучат на руската војска помина во Долниот дом на рускиот парламент. Може да се пријават криминалци кои не извршиле кривични дела од сексуална природа, предавство, тероризам или екстремизам.

Договорот за воена служба може да се договори со некој кој е под истрага за сторено кривично дело, чиј случај е на суд или е осуден, но пред правосилната пресуда да стапи во сила, објави Думата.

Оние што ќе се пријават ќе бидат ослободени од кривична одговорност по завршувањето на нивниот договор или ако добијат воени награди.

Платеничката група „Вагнер“ регрутираше затвореници да се борат во Украина, но во февруари соопшти дека престанала. Новиот законски акт не опфаќа регрутирање лица кои веќе ја отслужуваат својата правосилна казна.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лукаку ја одби понуда од Саудиска Арабија за 25 милиони евра годишно, сака да остане во Интер

Следно

Дориев се збогува од Шкендија

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop