Рускиот министер Лавров: Москва ја смета нуклеарната реторика на Макрон за закана

March 6, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва ја смета нуклеарната реторика на францускиот претседател Емануел Макрон како закана, јавува Анадолу.

„Ако нè смета за закана, свикува состанок на началниците на генералштабовите на европските земји и Велика Британија, вели дека е неопходно да се подготви за употреба на нуклеарно оружје против Русија, тоа, се разбира, е закана“, рече Лавров на заедничката прес-конференција во Москва со неговиот колега од Зимбабве, Амон Мурвира.

Нарекувајќи ги изјавите на Макрон дека Русија им се заканува на Европа и Франција за „глупави“, Лавров рече дека Макрон допрва треба да му се јави на својот руски колега Владимир Путин и покрај тоа што вели дека ќе го направи тоа.

„Господинот Макрон периодично толку гордо изјавува дека ќе му се јави на Путин, ќе разговара со него. Тој има таква можност – никој, како што велат, не му забранува“, рече тој.

Лавров додаде дека присуството на воен контингент на ЕУ во Украина би било како директна војна меѓу Русија и европските земји.

Москва не гледа простор за компромис по прашањето за распоредување европски воен контингент во Украина, рече тој, додавајќи дека на таквото сценарио Русија ќе гледа на ист начин како и на присуството на НАТО во Украина.

„Ова нема да значи наводно хибридно, туку директно, официјално, нескриено вклучување на земјите од НАТО во војната против Руската Федерација. Ова не може да се дозволи“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување и поставување на старешини со генералски чинови

Следно

Турското Министерство за одбрана: Терористичката ПКК нема друг избор освен да се распушти

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop