Руската војска престанала да го снабдува Вагнер со муниција

February 21, 2023
1 min read

Во 7-минутна аудио порака објавена од неговата прес-служба, очигледно гневниот и емотивен Јевгениј Пригожин изјавува дека од него било побарано да „се извини и да биде послушен“ ако сака да добие муниција за неговите борци.

На моменти на снимката Пригожин вика и пцуе, а во еден момент изјавува „не можам да го решам проблемот и покрај сите мои врски и контакти“.

Тој објаснува дека руското воено производство веќе е доволно за да може да ги снабди војниците што се борат на фронтот, а проблемите со снабдување на неговите борци се резултат на свесна одлука.

Јевгениј Пригожин кој цели 20 години владеење на Путин главно беше во сенка, од почетокот на војната излезе во преден план, посебно последниве месеци, откако неговата Вагнер група го предводи контранападот за освојување на Бахмут и околните локации. Неговиот прекар сето ова време е „готвачот на Путин.“

Од почетокот на војната, Пригожин јавно се расправа со генерали и функционери од Кремљ, кои ги обвинува дека не се доволно ревносни во извршувањето на операцијата против Киев.

Најсериозните критики од него се на сметка на руското министерство за одбрана, кого го обвинува дека сакало да си ги присвои успесите на Вагнер. Во една прилика тој ги нарече највисоките руски армиски офицери „копилиња“ кои треба да бидат боси испратени на фронтот со автомати.

Пригожин е и еден од најострите критичари на Шојгу, инсистирајќи дека борците на Вагнер се далеку поефикасни од обичната армија.

И во последната порака тој обвинува дека поединците виновни за недостатокот на муниција „појадуваат, ручаат и вечераат во златни чинии“ и ги испраќаат своите роднини на одмор во Дубаи.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и оваа година ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Следно

Водечката македонска компанија од одбранбената индустрија АТС Груп помеѓу најголемите изложувачи на “ИДЕХ 2023” во Абу Даби

Latest from Blog

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop