Руската рубља ја губи вредноста додека украинската војска продолжува со нападот врз Курск

August 12, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – По нападот во областа Курск што го започна украинската војска, кој трае седум дена, курсот долар/рубља денеска порасна над нивото од 90, јавува Анадолу.

На првиот ден од неделата, рубљата загуби околу 4,1 отсто од својата вредност во однос на доларот, додека паритетот долар/рубља се искачи на 90,5.

Судирите меѓу двете војски, што започнаа по навлегувањето на украинската војска на руската територија, односно во областа Курск на 6 август, траат веќе седум дена.

Ситуацијата во Курск е подигната на ниво на „федерална вонредна состојба“, а во регионите Курск, Белгород и Брјанск прогласена е противтерористичка ситуација.

Евгениј Балицки, таканаречениот регионален гувернер на Запорожје, анектирано од Русија, во својата вчерашна пишана изјава наведе дека поради нападите на украинската војска избувнал пожар во системот за ладење на нуклеарната централа Запорожје.

Руските власти објавија дека пожарот е ставен под контрола и дека нема опасност од радијација.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски рече дека пожарот во електраната го предизвикала Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

2024, годината кога умре „нема глупи прашања“

Следно

Туркије ѝ понуди помош на Грција во справувањето со големите пожари што беснеат близу Атина

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Дивите депонии околу гробиштата се отстранети

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп повторно апелира до граѓаните да не исфрлаат отпад околу оградниот ѕид на Старите градски гробишта. И покрај редовните молби и известувања, купишта отпад продолжуваат да се оставаат на

Бизнисменот Главчев пријавил тројца обвинители од СЈО – за барање поткуп

По окончување на судскиот случај „Поштенска банка“ во полза на обвинетите во 2024 година, како што пишува порталот ПлусИнфо еден од нив, гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев, во јануари годинава, поднел кривична пријава против поранешните

„Марив“: Израел врши притисок врз САД за копнена операција врз Иран

Весникот наведува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите советници се за воена ескалација, оценувајќи оти евентуален договор во оваа фаза претставува „јасна победа на Иран“. Неименуван израелски безбедносен извор тврди дека
Go toTop