Руската Дума изгласа зголемување на старосната граница за регрутирање на 30 години

July 25, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Руските пратеници денес гласаа за зголемување на максималната возраст за машки воен рок од 27 на 30 години, јавува Анадолу.

„Пратениците на Думата во второ и трето читање го усвоија Законот со кој се предвидува од 1 јануари 2024 година граѓаните на возраст од 18 до 30 години да бидат повикани на задолжителна воена служба“, соопшти Долниот дом на Парламентот на земјата.

Со овој потег ќе се зголеми бројот на обврзници.

Претседателот на Комитетот за одбрана на државната Дума, Андреј Картаполов, рече дека пратениците одбиле да ја зголемат долната граница на 21 година.

Картаполов додаде дека Русите кои ќе навршат 27 години до крајот на 2023 година нема да бидат опфатени со оваа одлука.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Британскиот премиер Сунак:Велика Британија тесно соработува со Туркије за обновување на Црноморската иницијатива за жито

Следно

Mbrëmë në Shkup u mbyll me sukses edicioni i 5 i Festivalit Ndërkombëtar i Folklorit “FOLKFEST”

Latest from Blog

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,

Тоневски: Љубопитноста на најмладите е поттик за подобар Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, функционирањето на општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Тони Тоневски

Општина Битола: Второ место на национално ниво за транспарентно и отчетно работење

Општина Битола го освои второто место меѓу 81 единица на локалната самоуправа во Македонија според Индексот на отворени општини за 2025 година, изработен од Здружението за истражување и анализи „ЗМАИ“. Со освоени

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,
Go toTop