Руска ФСБ: Најмалку 40 мртви во пукањето на концерт во близина на Москва

March 22, 2024
1 min read

Најмалку 40 лица се убиени во петокот, 22 март, во пукање во концертна сала во близина на Москва, објавија руските државни медиуми, повикувајќи се на Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Повеќе од 100 луѓе беа повредени кога неколку напаѓачи во маскирни униформи отворија оган во „Крокус Сити Хол“, во Красногорск во близина на Москва, пред настапот на групата „Пикник“, соопшти ТАСС.

Видео-снимките од местото на настанот покажуваат пожар и облак црн чад што се издигаа од зградата на Крокус Сити Хол, која се наоѓа во луксузен кварт на работ на Москва.

Државната агенција РИА Новости објави дека најмалку тројца вооружени лица биле вмешани и дека, се чини, отвориле оган со автоматски пушки.

Чад од запалената концертна сала во Крокус Сити Хол по пукањето, 22 март 2024 година

Чад од запалената концертна сала во Крокус Сити Хол по пукањето, 22 март 2024 година

Руските медиуми јавуваат дека на местото на несреќата се испратени десетици возила на брза помош.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин најави дека ќе бидат откажани сите јавни настани планирани за овој викенд во руската престолнина.

„Одлучив да ги откажам сите спортски, културни настани и други масовни настани во Москва овој викенд“, објави Собјанин на Телеграм.

Белата куќа вели дека нема индикации за вмешаност на Украина

Белата куќа соопшти дека нема индикации дека Украина е вмешана во нападот во концертната сала во Москва.

„Засега нема индикации дека Украина или Украинци биле вмешани во пукањето“, изјави за новинарите портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

„Сега би ве одвратил од каква било врска со Украина“.

Специјални полициски сили и бројни возила на брзата помош се на местото на настанот

Специјални полициски сили и бројни возила на брзата помош се на местото на настанот

Москва: САД да ги споделат сите информации што ги имаат

Русија рече дека ако САД со сигурност знаат дека Украина не е вмешана во пукањето во концертната сала во близина на Москва, Вашингтон треба да ги сподели сите информации што ги има.

„На која основа официјалните лица во Вашингтон донесуваат заклучоци за нечија невиност среде трагедија“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Таа додаде дека доколку Вашингтон има информации треба да ги сподели, а доколку нема информации да не зборува на таков начин.

Извор: slobodnaevropa.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УШТЕ ЕДЕН ШОК ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Принцезата Кејт Мидлтон откри дека се лекува од рак (ВИДЕО)

Следно

Нетанјаху до Блинкен: Испраќаме војници во Рафах, со или без американска поддршка

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop