Русија загрижена за „опасната ескалација“ на Блискиот Исток поради иранскиот напад врз Израел

April 14, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија денес изјави дека е „екстремно загрижена“ поради уште една „опасна ескалација“ на Блискиот Исток, поради нападот на Иран на израелска територија во текот на ноќта, пренесува Анадолу.

„Ја изразуваме нашата најголема загриженост за уште една опасна ескалација во регионот. Континуирано предупредувавме дека нерешената природа на бројните кризи на Блискиот Исток, пред сѐ во палестинско-израелската конфликтна зона, кои често се разгоруваат од неодговорни провокативни акции, ќе доведе до зголемени тензии“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Оттаму ги повикуваат сите инволвирани страни на воздржаност, и ја изразија надежта на Москва дека државите од регионот ќе ги решат постоечките проблеми во регионот преку политички и дипломатски средства.

Понатаму се наведува дека Русија смета дека е важно „конструктивните меѓународни играчи“ да придонесат за овие напори.

Иран синоќа изврши воздушен напад во врз Израел како одмазда за воздушниот напад на 1 април врз неговиот дипломатски објект во сирискиот главен град Дамаск. Во нападот загинаа најмалку седум припадници на Корпусот на Иранската револуционерна гарда, меѓу кои и двајца високи генерали.

Техеран го обвини Израел за нападот и вети дека ќе се одмазди. Тел Авив официјално не ја презеде одговорноста за нападот, но со месеци наназад изврши неколку напади врз ирански цели низ Сирија.

Иран и Хезболах, неговиот главен сојузник во Либан, рекоа дека нападот нема да помине неказнето.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светските лидери ги осудија иранските напади врз Израел

Следно

Како функционира „железната купола“ на Израел која ги собори повеќето ракети како шега – никој во светот го нема ова

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop