Русија: Зад конфискацијата на финансиските средства стојат „бандитски“ намери

April 14, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Кремљ денес соопшти дека зад идејата за експропријација на руските државни средства вредни милијарди долари, кои се замрзнати во западните земји, стојат „бандитски“ намери, јавува Анадолу.

Коментирајќи ја неопходноста на Русија да се вратат нејзините пари по војната во Украина, портпаролот Дмитриј Песков на брифинг со новинарите во Москва рече: „Убедени сме дека секој обид да се легитимира задржувањето на имотот е осуден на неуспех.“

Речиси 300 милијарди долари средства на руската Централна банка беа замрзнати од западните влади по почетокот на руската „специјална воена операција“ минатата година.

Портпаролот Песков рече дека е запознаен со неодамнешните случувања поврзани со протечените документи на Пентагон за Украина, но на американското разузнавање е да даде оценки за тоа што се случило.

„Наша грижа е да ги анализираме овие податоци, да продолжиме да ја доведуваме во прашање нивната веродостојност, но внимателно да ги проучуваме“, додаде тој.

Официјалниот претставник рече дека неочекуваната проверка на борбената готовност на руската Пацифичка флота нема врска со „експанзионистичките планови“ на НАТО во регионот.

„Ова е вообичаена рутинска обука на Армијата, развој на нашите Вооружени сили и проверка на нивната борбена готовност. Во последните години постојано се извршува и продолжува да го одржува потребното ниво на борбена готовност на нашите Вооружени сили“, рече тој.

„Претседателот Владимир Путин не планира да учествува во вежби на Пацифичката флота“, рече Песков.

Министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, денес најави неочекувана проверка на борбената готовност на руската Пацифичка флота со учество на Воздушните сили.

Шојгу рече дека воените игри имале за цел да ја одбијат агресијата на потенцијалниот непријател, додавајќи дека маневрите предвидуваат одговор за да се спречи противникот да влезе во јужниот дел на Охотското Море и да одбие слетување на островот Сахалин и спорните јужни Курилски Острови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турски диететичар до оние кои постат за Рамазан: Оброкот за сухур е клучен за здрав пост

Следно

Кривична против скопјанец, нападнал пет лица во авто центар

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop