Русија: Уапсен генералот Шамарин, заменик-началникот на Армијата

May 23, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Во Русија е уапсен генералот Вадим Шамарин, заменик-началникот на Генералштабот на Вооружените сили и началник на Главната дирекција за комуникации, јавува Анадолу.

Шамарин бил приведен вчера (среда) и однесен на испитување во истражен затвор, пишува рускиот весник „Известија“.

Весникот подоцна објави дека Шамарин бил приведен под сомнение за примање мито „во особено големи размери“.

Веста доаѓа по два дена откако руската државна новинска агенција ТАСС го објави апсењето на Иван Попов, поранешен командант на 58-та армија на Руските вооружени сили, осомничен за измама.

Истиот ден, ТАСС ја пренесе изјавата на адвокатот на Попов кој рече дека ќе се жали на одлуката, велејќи дека тој „не е виновен за ништо, и затоа не ја признава вината“.

Руското Министерство за одбрана сѐ уште не ги коментираше тие извештаи.

Во изминатиов период имаше голем број акции за сузбивање на корупцијата и измамите во руската Армија при што беа уапсени повеќе воени претставници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Хаос во Србија, родителите на жртвите го нападнаа убиецот од Младеновац

Следно

Флик го одби Челзи за да ја преземе Барселона

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop