Русија тврди дека во Украина пресретнала ракети од американско производство ADM-160B MALD

January 20, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Руското Министерство за одбрана денес објави дека во Украина пресретнало ракети од американско производство ADM-160B MALD (Miniature Air-Launched Decoy), дизајнирани за сузбивање на противвоздушната одбрана, за прв пат во текот на нејзината „специјална воена операција “, јавува Анадолу.

Две ракети од овој тип се соборени од Русија, соопшти Министерството, со напомена дека Соединетите Американски Држави официјално не објавиле свои испораки на Украина.

Министерството ги карактеризира ракетите ADM-160B MALD како „исклучително тешки“ за пресретнување.

Станува збор за мали крстосувачки ракети кои се користат за залажување на противвоздушната одбрана на непријателот. Во зависност од специфичниот вид, овие мамки може да се користат за попречување на непријателските радари или за залажување на операторот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОЈО: 30 дена притвор за скопјанецот осомничен за убиство на сопствената баба

Следно

Екипажот на мисијата Ax-3, во кој и турскиот астронаут Гезеравџи, влезе во Меѓународната вселенска станица

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop