Русија тврди дека спречила украински напад со беспилотнo леталo врз Москва

August 20, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Русија тврди дека денес спречила украински напад со беспилотно летало врз главниот град Москва и околниот регион, јавува Анадолу.

„Околу 4 часот наутро по московско време спречен е обид на режимот во Киев да изврши терористички напад врз објекти во Москва и Московската Област со беспилотнo леталo“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Силите за противвоздушна одбрана откриле беспилотно летало кое се движело во правец на рускиот главен град во воздушниот простор на Ступино во Московската Област, се вели во соопштението.

Беспилотното летало било пресретнато од возила за радио електронско војување, а потоа изгубило контрола и паднало во ненаселено подрачје, без да предизвика жртви или материјална штета, соопшти руското Министерство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СО ПРЕТСТАВАТА „ЛАГАТА“ ВЕЧЕРВА СЕ СПУШТА ЗАВЕСАТА НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“

Следно

Меџити: Обезбедивме ленти за мерење шеќер, ги решаваме наследените проблеми

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop