Русија тврди дека соборила украинско беспилотно летало над Црното Море

August 29, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија денес соопшти дека соборила украинско беспилотно летало кое имало намера да изврши „терористички напад“ над Црното Море, пренесува Анадолу.

„Денеска околу 12 часот беше спречен обид на режимот на Киев да изврши терористички напад со едно беспилотно летало врз објекти на територијата на Руската Федерација“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Се наведува дека беспилотното летало било уништено од авион на воената морнарица.

Еден ден претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека биле спречени извидувачки летови на американски беспилотни летала над Кримскиот Полуостров, што Москва нелегитимно го анектира во 2014 година.

Министерството тврди дека беспилотните летала „MQ-9 Reaper“ и „RQ-4 Global Hawk“ биле детектирани над југозападниот дел на Црното Море, по што два руски борбени авиони итно се упатиле да „спречат можно нарушување на државната граница на Руската Федерација“.

„Како резултат на дејствијата на силите за воздушна одбрана, извидувачките беспилотни летала на Американското воено воздухопловство го променија правецот на летање и ги напуштија областите каде што се изведуваше извидувањето“, се додава од Министерството.

Досега нема соопштение за тврдењата ниту од украинските, ниту од американските власти, а независна проверка на тврдењата на Русија е тешка поради тековната војна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Убиство во Србија: Шестмина претепале човек до смрт, се скарале за музика

Следно

ФФМ на ФБ: Време беше, еве сме повторно – Од утре продажба на билети за Македонија – Италија

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop