Русија тврди дека соборила украински дрон во обид за напад над Москва

August 31, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија утрово соопшти дека соборила украински дрон во обид за напад над Московскиот Регион, пренесува Анадолу.

„Утрово, 31 август, спречен е уште еден терористички напад на режимот на Киев со употреба на беспилотно летало против објекти во Руската Федерација“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се истакнува дека дронот бил соборен од системите за противвоздушна одбрана над московскиот округ Воскресенски.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, во изјава преку Телеграм соопшти дека нема жртви ниту материјална штета и додаде дека службите за итни случаи се на терен.

Украинските власти сè уште не се огласија за инцидентот, а независната проверка на тврдењата на Русија е тешка поради тековната војна.

Нападите со беспилотни летала во Русија драматично се зголемија во последните месеци. Руските власти ја обвинуваат Украина дека стои зад нив.

Иако Киев досега нема преземено одговорност, украинскиот претседател Владимир Зеленски во јули рече дека нападите на руска територија се „неизбежен, природен и апсолутно фер процес“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Започна реставрацијата на џамијата „Коџа Кади Ахмед Ефенди“ во Битола

Следно

Чеферин: Нема место за саудиски клубови во Лигата на шампиони

Latest from Blog

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop