Русија тврди дека соборила украински беспилотни летала во нејзините региони Бријанск и Калуга

August 24, 2023
1 min read

ТОРОНТО (АА) – Руското Министерство за одбрана рано утрово соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана спречиле украински обид за напади со беспилотни летала од видот на авиони во регионите Бријанск и Калуга, пренесува Анадолу.

Украина синоќа се обиде да изврши „терористички напад“ на руска територија со беспилотни летала, се вели во соопштението на Министерството.

Две украински беспилотни летала се соборени во областа Бријанск, а едно во регионот Калуга, се додава во соопштението.

Нападите со дронови во Русија драматично се зголемија во последните месеци, особено во Москва и регионите на земјата што граничат со Украина, а властите го обвинуваат Киев дека стои зад нив.

Иако Киев досега нема преземено одговорност, украинскиот претседател Владимир Зеленски на крајот на јули рече дека нападите на руска територија се „неизбежен, природен и апсолутно фер процес“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Подгответе се за нас“, порачаа соборците на Пригожин – конвои на Вагнер ја напуштаат Белорусија и одат кон Русија?

Следно

Нова „магија“ од Меси – Интер Мајами во финалето на УС опен (ВИДЕО)

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop