Русија тврди дека соборила 125 украински дронови во текот на ноќта

September 29, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија денес соопшти дека соборила 125 украински дронови во седум региони лансирани во текот на ноќта, пренесува Анадолу.

Министерството за одбрана истакна дека 67 од дроновите биле соборени во јужниот регион Волгоград, додека 18 биле пресретнати над регионот Ростов, по што гувернерот Василиј Голубев изјави дека избувнал пожар на површина од 20 хектари.

По седумнаесет дронови биле соборени над регионите Белгород и над Воронеж кои граничат со Украина, соопшти Министерството.

Гувернерот на Воронеж, Александар Гусев, изјави дека избувнал пожар во станбен комплекс во административната престолнина на регионот.

Во соопштението се наведува дека по еден дрон бил соборен и над регионите Краснодар, Брјанск и Курск, додека три дрона биле пресретнати над Азовското Море.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерот Љутков тврди дека во моментов, не се знае во чие владение е Универзалната сала

Следно

МОТО ГП: Хорхе Мартин победи на трката за големата награда на Индонезија

Latest from Blog

Општина Битола: Продолжува креирањето на буџетот за 2027 година заедно со граѓаните

Општина Битола го најави одржувањето на третиот буџетски форум, на кој граѓаните ќе имаат можност да учествуваат со свои идеи, предлози и иницијативи во процесот на креирање на општинскиот буџет за 2027

Божиновска: На 25 ноември во Скопје го отвораме Првиот форум за енергетска дипломатија

На 25 ноември, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и жените во енергетиката“, најави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања

Николоски од Виена: Македонија ќе стане клучна транспортна крстосница во Југоисточна Европа

Предизвикот за земјите од регионот е како заеднички да настапуваат на европскиот пазар, како да се натпреваруваат со конкуренцијата и како да се постигне повисоко ниво на развој. За овие прашања,  за

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и
Go toTop