Русија тврди дека повторно ги зазела градот Суџа и уште две населби во регионот Курск

March 13, 2025
1 min read

(АА) – Русија денес соопшти дека нејзините сили го вратиле градот Суџа во регионот Курск, кој беше заземен од Украина за време на минатогодишниот упад, според официјално соопштение, јавува Анадолу.

Министерството за одбрана информираше дека операцијата била изведена од групата сили „Север“ која, освен Суџа, повторно зазела уште две населени места.

„Единиците на групата сили ‘Север’ ги ослободија населените места Меловоје, Подол и Суџа за време на офанзивата“, се наведува во соопштението.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека Русија има цел што поскоро да воспостави целосна контрола врз регионот Курск, притоа давајќи ѝ приоритет на безбедноста на војниците и цивилите.

„Но нема сомнение дека регионот Курск ќе биде ослободен наскоро“, нагласи тој.

Украина сè уште нема коментар за овие тврдења.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МНР: Бугарија повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународни обврски да ја префрли врз нашата држава

Следно

Страшна трагедија: Се самоубил поранешен голман на Партизан

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop