Русија тврди дека ги соборила украинските борбени авиони Су-25 и Миг-29

December 7, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Русија вчера соопшти дека нејзините сили ги собориле борбените авиони Су-25 и Миг-29 во Украина, пренесува Анадолу.

„Руските единици за противвоздушна одбрана соборија два авиона Су-25 и еден МиГ-29 на Украинските воздухопловни сили“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана, истакнувајќи дека тие биле соборени над регионите на источен Доњецк и југоисточно Запорожје.

Се наведува и дека во различни региони биле уништени 76 украински беспилотни летала.

Се додава дека биле уништени вкупно 549 украински авиони, 257 хеликоптери, 9.541 беспилотно летало, 442 ракетни системи за противвоздушна одбрана, 13.840 тенкови и оклопни возила, 1.188 повеќецевни ракетни фрлачи, 7.253 хаубици и артилериски орудија и 98 специјални возила.

Украинските власти сè уште не ги коментираа руските тврдења, а независната проверка е тешка поради тековната војна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот на Туркије, Ердоган, денес ќе ја посети Грција

Следно

Царинска управа: Запленети непријавени 50.600 евра на Аеродром Скопје

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop