Русија: Третата рунда консултации со САД ќе се одржат многу наскоро

June 10, 2025
1 min read

МОСКВА (АА) – Третата рунда руско-американски консултации ќе се одржат во блиска иднина, објави денес рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, јавува Анадолу.

Иако не е одреден конкретен датум, постојат силни индикации дека настанот ќе се случи „многу наскоро“, изјави Рјабков за новинарите во рускиот туристички град Сочи.

„Третата рунда билатерални консултации за иритирачки прашања е неизбежна. Иако е прерано да се прецизира датум, се надевам дека рундата ќе се одржи многу наскоро“, рече тој.

Според него, и покрај одреден напредок, широк спектар прашања остануваат на дневен ред, „со различна тежина, иако ниту едно од нив не е едноставно во однос на САД“.

Откако Доналд Трамп стана претседател на САД, Москва и Вашингтон одржаа два состанока во Истанбул – на 27 февруари и 10 април – за нормализирање на функционирањето на дипломатските мисии и подобрување на билатералните односи.

На последните консултации, страните се согласија да го поедностават режимот на движење за дипломатите и да го решат прашањето за конфискуваниот руски дипломатски имот во САД.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

24-годишна девојка пронајдена почината во казино во Центар!

Следно

Дејвис куп: Македонија поведе против Малта

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop