Русија со 35 проектили и 23 беспилотни летала ја нападна Украина во текот на ноќта

September 2, 2024
1 min read

КИЕВ (АА) – Руската армија синоќа извршила напади со 35 проектили и 23 беспилотни летала (УАВ) врз различни региони на Украина, известува Анадолу.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски на својот профил на социјалната мрежа X објави дека руската армија извршила воздушни напади врз неговата земја.

Наведувајќи дека се извршени воздушни напади во различни региони, особено врз главниот град Киев, во текот на ноќта и ова утро, Зеленски рече:

„Русија во текот на ноќта врз Украина лансираше вкупно 35 проектили и 23 беспилотни летала, вклучително и балистички проектили.“

Зеленски го покани целиот свет да застане против руските напади.

Изјавувајќи дека и џамијата и Исламскиот културен центар, кои ѝ припаѓаат на Верската управа на муслиманите на Автономната Република Крим, биле оштетени во нападите врз Киев, Зеленски истакна дека руската армија ги напаѓа и местата за богослужба во Украина.

„Русија нема почит кон духовните или човечките вредности и кон која било религија или верување. Таа продолжува со кампањите за уништување на украинскиот народ, обидувајќи се да ги уништи и сите наши заедници, дури и светите места за богослужба“, рече Зеленски.

Потенцирајќи дека руските напади треба најостро да се осудат, Зеленски рече дека меѓународната заедница треба да преземе остра акција.

Шефот на градската воена управа на Киев, Сергеј Попко, во изјавата што ја објави на својот профил на Телеграм наведе дека во нападите врз Киев се повредени три лица.

Од друга страна, Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека руската армија во текот на ноќта извршила воздушен напад врз украинскиот град Суми.

Во соопштението е наведено дека цел на нападот, покрај Центарот за социјална и психолошка рехабилитација на децата и Детскиот дом во Суми, биле и шест стана. Министерството објави:

„Според првичните информации, повредени се 18 лица, од кои шест деца.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лефков: Бисера Антоанета летала со владин авион за Црна Гора, чекала 2 дена пред настан за да има оправдување да бара државен авион, наместо да оди со службено возило

Следно

Захариевски нов тренер на Вардар

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop