Русија повторно воздушно ја нападна Одеса

July 19, 2023
1 min read

Нападите врз Одеса, едно од главните пристаништа во Украина за извоз на жито, уследија по ветувањето за одмазда од страна на Русија по експлозијата на мостот што ја поврзува земјата со Кримскиот Полуостров

EPA-EFE/IGOR TKACHENKO, архивска фотографија

Русија синоќа започна масовен воздушен напад врз пристанишниот град Одеса – втора ноќ по ред, но властите ветија дека нема да бидат заплашени и дека ќе продолжат да работат на извоз на житарки. Во градот се слушнале експлозии, а активна била и воздушната одбрана.

Нападите врз Одеса, едно од главните пристаништа во Украина за извоз на жито, уследија по ветувањето за одмазда од страна на Русија по експлозијата на мостот што ја поврзува земјата со Кримскиот Полуостров во понеделникот, за што Москва го обвини Киев.

Набргу по ударот на мостот во понеделникот, Москва се повлече од договорот за жито од Црното Море, стар еден година, со кој се овозможи безбеден извоз на жито од Украина, потег што Обединетите нации велат дека ризикува да создаде глад низ целиот свет.

Висок руски дипломат пак посочил дека Москва ќе биде подготвена да се врати на критичниот договор за жито во Црното Море доколку меѓународните партнери ги исполнат нејзините барања.

Инаку, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека Контакт групата за одбрана на Украина, која се состана вчера, разговарала за „итната потреба од муниција на Киев“. Сојузниците се борат да ѝ обезбедат на Украина муниција потребна за нејзината продолжена контраофанзива, изјавија официјални лица за Си-Ен-Ен.

Главниот генерал на САД рече дека украинската контраофанзива е „далеку од неуспех“, и покрај тоа што се движи побавно од предвиденото.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија во портокалова фаза: И денеска температури до 41 степен

Следно

Хигиената во Центар на +40: Денеска ќе се мијат улиците и контејнерите во Дебар Маало

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop