Русија: Од експлозија на гас загинаа четири лица, под урнатините има уште најмалку две лица

September 20, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Најмалку четири лица загинаа од експлозија на гас во станбена зграда во Русија, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Русија, пренесува Анадолу.

Експлозијата се случи во деветкатна зграда во градот Балашин, кој се наоѓа 22 километри источно од главниот град Москва.

„Повредени се уште седум лица, а под урнатините сѐ уште се заробени две лица“, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Русија.

Во соопштението се истакнува дека дури 184 лица и тешка механизација се ангажирани на расчистување на урнатините.

Силна експлозија предизвика разурнување на третиот, четвртиот и петтиот кат од зградата, а оштетени се најмалку 10 стана. Надлежните информираа дека постои закана од дополнителни уривања.

Обвинителството поведе кривична истрага поради несоодветно давање услуги.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре попладне локален пороен дожд и грмежи, во петок и сабота сончево, во недела повторно нестабилно

Следно

„Делии“ ги провоцираа навивачите на Сити со „Лажен Манчестер…“, па добија одговор (ВИДЕО)

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop