Русија ја обвини Украина дека утрово со дронови ја нападнала Москва

July 24, 2023
1 min read

Инцидентот доаѓа еден ден откако Русија изврши ракетен напад врз пристанишниот град Одеса во Украина и ја уништи историската катедрала „Преображение“

Русија ја обвини Украина дека стои зад напад со беспилотни летала што денеска рано наутро оштетил две згради во главниот град на Москва.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека два дрона биле „потиснати и урнати“ и оти нема жртви во нападот.

„Обидот на режимот во Киев да изврши терористички акт со употреба на два дрона на објекти на територијата на градот Москва е запрен“,

соопшти Министерството на Телеграм.

Државната агенција Тас, пак, претходно објави дека едно беспилотно летало паднало токму во близина на зградата на Министерството.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин претходно рече дека нападот се случил околу 4 часот по локално време и оти биле погодени „нестанбени“ згради, како и оти нема поголеми штети.

Украинските власти засега не излегоа со коментар.

Овој инцидент доаѓа еден ден откако Русија изврши ракетен напад врз пристанишниот град Одеса во Украина и ја уништи катедралата „Преображение“ која е од историско значење. На ова, вчера реагираше и УНЕСКО наведувајќи дека се длабоко вознемирени и најостро го осудуваат нападот врз историскиот центар на Одеса. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, вети одмазда за нападот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПСЖ го продаде Икарди

Следно

Алегри: Наша цел е враќање во Лигата на шампионите

Latest from Blog

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението

Проданоски: Засадени 6.000 дабови садници на Маркови Кули: Голема еколошка акција во Прилеп

Голема акција за пошумување беше реализирана на локалитетот Маркови Кули во Прилеп, каде во рамки на проект финансиран од Бирото за регионален развој беа засадени вкупно 6.000 садници на даб. Акцијата се

Велбек го „угаси“ Ливерпул

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и
Go toTop