Русија испрати 25 тони хуманитарна помош на Газа

November 10, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Русија денес испрати товарен авион со 25 тони дополнителна хуманитарна помош за населението на опколениот Појас Газа, јавува Анадолу.

„Товарниот авион Il-76 полета од југозападниот руски град Казањ и ќе слета во Египет, каде хуманитарната помош ќе биде префрлена во египетската Црвена полумесечина, која потоа ќе ја достави до Појасот Газа“, соопшти Министерството за вонредни состојби.

Се наведува дека пратката е подготвена по инструкции на рускиот претседател Владимир Путин и вклучува храна, облека, производи за лична нега, ќебиња и преносливи печки.

Минатата недела Министерството за вонредни ситуации испрати два специјални лета со 60 тони хуманитарна помош во храна и средства за лична нега за жителите на Газа.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Загинаа најмалку 10.812 Палестинци, меѓу кои 4.412 деца и 2.918 жени. Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел изнесува околу 1.600.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Северна Македонија и Албанија одбележана 85-годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк

Следно

Обвинителство изврши преквалификација за „Трезор“, судењето одложено за 24 ноември

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop